Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на Конгресот на СДСМ.
-Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме членки на ЕУ, рече Ковачевски.
Имаме историска можност за државата. Сите ние заедно, со граѓаните, со Стево Пендаровски како иден претседател на државата, додаде тој.
-Со искреност, чесност, посветеност, фокус, енергија, верба во себе и во СДСМ! Ве повикувам на искрена соработка, на заедничка работа, на реална верба! На цврстина и стаменост како идни победници, на умереност како македонска вредност, на оптимизам како човечка водилка! Ќе успееме! Сите заедно во СДСМ, сите заедно во коалицијата! Најважно, сите заедно со граѓаните! За вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме! И ќе се избориме, ќе победиме, рече Ковачевски.
Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство! Тоа ќе го нудиме сите ние, од срце и душа, со сила на аргументите, и со вербата и оптимизмот, рече Ковачевски.