Пендаровски се колнеше во нема правда нема мир, а одмолче на целиот криминал на СДС и потпишуваше криминални закони.
Пендаровски во 2019 година се колнеше во слоганот “Нема правда, нема мир” тврдеше дека живеел со него, за цел мандат од 5 години да одмолчи епски криминал на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
На Пендаровски како Претседател му се случи скандалот со над 200 пасоши на белосветски криминалци, државјанството на Онишченко, а тој не ја осуди власта, ниту побара одговорност, напротив сега е претседателски кандидат на СДС.
Пендаровски е одлика на криминалот на СДС исто како и Ковачевски.
Стево Пендаровски како претседател потпиша низа штетни закони за државата.
И Пендаровски носи вина за 2% доверба во судството.
Македонија со СДС и Стево Пендаровски губеше. Во право е народот кога вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.
извор: ВМРО ДПМНЕ