ВМРО ДПМНЕ: Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо,СДС да одговори до кај е екстрадицијата на Палчо, дали на повидок е нов скандал?

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви?

Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено?

На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?

извор: ВМРО ДПМНЕ