За муслиманските верници ширум светот започна месецот Рамазан и денеска е првиот ден од рамазанските пости.
Муслиманските верници ќе се воздржуваат од храна и пиење во следните 30 дена од утро до мрак.
Рамазан е најсветиот месец за муслиманските верници, бидејќи тоа е месец во кој започна објавувањето на Куранот, светата книга на муслиманите, а во текот на овој месец муслиманите се трудат да ја заслужат Божјата милост со пост и добри дела.