Десетици патници и членови на екипажот се повредени откако технички проблем предизвика хаос на летот од Сиднеј до Окленд во понеделникот.
На аеродромот во Окленд им беше укажана помош на 50 луѓе кога летот LA800 наводно доживеал ненадеен пад на висината над Тасман.
Се претпоставува дека 13 лица моментално се лекуваат во болница во Нов Зеланд, а еден пациент е во тешка состојба. Останатите се здобиле само со полесни повреди.
Чилеанската авиокомпанија LATAM обвини за технички проблем со авионот што предизвика „силно движење“.
Авионот слетал на аеродромот во Окленд, каде што го пречекале службите за итни случаи, вклучително и екипи на брзата помош.
Се уште не е познати дали макеоднци имало на летот.