ВМРО ДПМНЕ: Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, да не била реакцијата на МВР шверцот ќе бил успешен

Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, да не била реакцијата на МВР шверцот ќе бил успешен, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Не еден, не два пакети, туку пакети со тежина од 1.200кг полни со скапи телефони се прошверцани преку македонската царина со која раководи потпретседателот на СДС, Стефан Богоев.

Според едноставни математики телефоните кои се прошверцани преку царината на Богоев можат да бидат во вредност од над половина милион евра.

Богоев да каже дали знаел за шверцот на телефони и кој го дозволил?

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

извор: ВМРО ДПМНЕ