Ковачевски: Со СДСМ за седум години се рехабилитирани и изградени патишта во должина од 1.500 километри

Во мандатот на СДСМ од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, граѓаните заслужуваат да имаат модерни и безбедни патишта, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,при денешниот увид во изградбата на локални улици, во населбата Хиподром 2, во општината Гази Баба.
Ковачевски потенцираше дека реконструкцијата на локалните улици во оваа скопска населба е направена со буџетски средства на министерството за транспорт и врски. Инвестициите во патната инфраструктура како што кажа Ковачевски, се приоритет и во новата програма на СДСМ.

„Во мандатот на СДСМ од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, а во овој момент се работи на повеќе автопатски делници, се градат нови 168 километри автопат и се рехабиитираат околу 40 километри. Досега комплетно изградивме и пуштивме во употреба два нови експресни патни правци во должина од 68,5 километри, кои што се инвестиција од 110 милиони евра, а се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри. И во мојот претходен мандат како премиер, а и во наредниот маднат во мај по изборите, инфраструктирата и капиталните инвестиции ќе бидат еден од главните приоритети“, изјави Ковачвески.

При тоа, Ковачевски посоче дека во однос на локалната патна инфраструктура, се градат преку 250 километри локални патишта низ општините, преку проектот од Министерството за транспорт и врски, во износ од 70 милиони евра. До сега комплетно е завршена реконструкцијата на 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини.
„Навистина ми е многу жал кога ќе видам како изгледа денес Скопје откако е во рацете на опозицијата, и колку градот и како целина и посебно општините предводени од опозицијата, едноставно не ги исполнуваат ниту барањата ниту очекувањата на граѓаните. Јас знам дека она што СДСМ го напрви во однос на изградбата и рехабилитацијата на патиштата може да е и подобро. Европските стандарди мора да се применливи во секоја област. Особено кога зборуваме за патиштата. Луѓето мора да се поврзани и мора да имаат брза комуникација со сите околу себе. И сето тоа мора да е по современи стандарди“, рече Ковачевски.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски, потенцираше дека проектите за инвестиции во патната инфраструктура мора да се спроведуваат, и дека модернизацијата на патиштата ќе се движи со динамично темпо. СДСМ покажа дека со правилни политики се исполнуваат стратешките цели, и дека нема недостижна цел ако напорно се работи, затоа и ја поставивме европската визија за Северна Македонија и ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од тој пат, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.