ФОКУС: Десетици деца во земјава со години се исчезнати: Срцето ни изгоре за Петар, ниту чизми, ни било што негово не најдовме цели две години!

Станувам наутро и помислувам на син ми Петар. Каде е, кој го зема, жив ли е, го гледаат ли добро? Легнувам навечер и помислувам на него, се молам да е жив и здрав, да дознаеме што му се случи. Никој не може да ме убеди дека детето ми се изгубило без траг и не може да се најде, јас верувам дека тој е киднапиран – за ,,Фокус” низ солзи раскажува Соња Џобеска.

Настанот со нејзиниот син Петар ја вознемири целата земја. Момчето на возраст од десетипол години исчезна без траг на 25-ти февруари 2022 година, во село Врпско, Прилеп, каде бил со семејството кое таму чувало пчели.

Излегол од дворот, и оттогаш не се знае неговата судбина. Беа организирани масовни потраги со денови, отежнати поради снежното невреме, но момчето не се пронајде. Случајот веќе почна да паѓа во заборав од јавноста, но семејството на Петар вели дека срцата им се изгорени од тој ден.

-Никој веќе подолг период ни се нема јавено од полиција. Барем да ни кажат до каде е истрагата, има ли нешто ново. Петар имаше десетипол години, не беше бебе кога исчезна, каде и да беше во околината, ќе се најдеше досега. Тоа што досега нема никаков траг ми дава за право да верувам дека тој е земен од некого и одведен.

Текстот во целост на: ,,Фокус”