На средбата се разговараше за можноста за прoдлабочување на соработката помеѓу Охрид и Унгарија особено во областа на туризмот.
Го запознав амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината и идните инвестиции во повеќе области. Се разговараше и за теми поврзани со културното наследство и можноста за организирање на културни манифестации поддржани од Унгарската амбасада.
По средбата, амбасадорот Клајн придружуван од службите на Општина Охрид беше во посета на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, каде што се запозна со условите за работа и можностите за донирање на техничка опрема во ова училиште, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.