Во Скопје се казнети 193 возачи во акциски контроли што ги спровела вчера сообраќајната полиција.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 40 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за нерегистрирани возила, три санкции за управување под дејство на алкохол…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.