На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во тек е вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитаренн и здраввствен инспекторат (ДСЗИ), соопшти Министерството за здравство.
Вонредниот инспекциски надзор е поради обидот за самоубиство на 39-годишна родилка.
Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопшти Министерството за здравство.
Извор: Министерство за здравство