„Туркиш ерлајнс“ втора година по ред е прогласена за „Најодржлив национален авиопревозник“, пренесува Анадолу.
Кварталниот магазин Ворлд Фајненс го награди превозникот за неговите одржливи практики, меѓу кои неговата доброволна платформа за емисии на јаглерод диоксид, користење одржливо воздухопловно гориво, одржливи производи за време на летот и управување со отпадот паралелно со проекти за дигитализација.
Во врска со наградата, челникот на „Туркиш ерлајнс“, Ахмет Болат, ја нагласи целта на компанијата да биде меѓу трите најдобри светски авиопревозници во однос на дигитализацијата во рок од три години.
„Нашата компанија, во согласност со нашата посветеност да бидеме ‘Карбон Неутрал Ерлајн’ во 2050 година, ја прошири употребата на одржливото воздухопловно гориво (САФ), кое почнавме да го користиме од 2022 година, со додавање дополнителни линии во 2023 година како дел од нашите планови за борба против климатските промени“, истакна Болат.
Од 2008 година компанијата презеде над 100 оперативни проекти за оптимизација со цел да го намали својот „јаглероден отпечаток“.
Во 2022 година „Туркиш ерлајнс“ заштеди 57.581 тон гориво, спречувајќи 181.379 тони стакленички гасови да се испуштат во атмосферата.
Основана во 1933 година со само пет авиони, „Туркиш ерлајнс“, дел од Стар Алијанса, денес има флота од 419 патнички и карго авиони што летаат до 344 дестинации во светот, 291 меѓународни во 129 земји.
Извор:Анадолу.
фото:Анадолу.