Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање

Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков во судскиот предмет „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата за управување со одземен имот ќе го направи согласно законот и по согласност на Владата, најави денес директорот на оваа Агенција, Дритон Небиу, објави Независен.

-За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација веднаш преземав иницијативи со дадена поддршка и соработка од министерот за правда, Кренар Лога, за нивно обелоденување и што поскоро извршување. Имено, станува збор за случаите “Империја” во врска со имотот на Сашо Мијалков, за „Труст“ или познат меѓу народот како „Трансмет“ и за ,, Бачило”, познат како случај со Иснифарис Џемаили, соопшти Небиу.

Станува збор за список од 33 имотни листови чија вкупна вредност е 15 милиони евра. Конфискацијата на имот ќе ја опфати и шумата во Горно Курилово на Водно од 650 метри квадратни и веднаш до неа градежна парцела од речиси 4 илјади метри квадратни. На списокот е исто така земјиште во место Џибарица на Кожув и илјадници метри квадратни земјоделско земјиште во близина на Богданци, како и два стана од 46 и 58 квадрати на адреса Горица во Охрид. На мијалков му е конфискуван и имот под зграда во Охрид со површина од 2.740 м2 од хотел во Охрид, сето тоа во вредност од 360 илјади евра и два апартмани во „Панорама Резиденс“ во Скопје од 91 и 94 метри квадратни.

Тој остана и без градежно земјиште и апартмани во Центар, односно неколку парцели и 25 апартмани во две згради, гаражи, деловни простории на улица „Славејко Арсов“ на Водно, сето тоа во вредност од 3,5 милиони евра. Со продажбата на имотот треба парите да се вратат во државниот буџет.

Текстот во целост на: Независен