На скопскиот аеродром запленети 90 илјади евра, пронајдени во џепови од патник

Патник кој сакал да патува на релација Скопје-Цирих сакал нелегално да внесе 100 илјади евра во авион, но бил спречен од службениците од царинската испостава „Аеродром“, информираат од Царинската управа.

Патникот Х.А., кој бил странски државјанин, како што велат од Царинската управа, на Меѓународниот аеродром „Скопје“, за излез од државата се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил кон царинската проверка и притоа не пријавил ништо за контрола.

„При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење. Согласно Законот, на патникот, вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани“,

се вели во соопштението од Царинската управа.