По повод 13 март – Денот на Специјалната антитерористичка единица ,,ТИГАР“, припадниците на оваа единица денеска (11.03.2024), во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, повторно на дело го демонстрираа хуманиот аспект од чествувањето на нивниот ден.
Преку веќе традиционална крводарителска акција организирана во базата на САЕ ,,ТИГАР„ во касарна Илинден, тие и денеска на дело ја покажаа својата хуманост и солидарност со само неколку минути од нивното скапоцено време, колку што се потребни да донираат крв даваат дополнителен придонес во спасувањето животи. Имено, ова е само една од неколкуте крводарителски акции, како индивидуален одраз на хуманоста што припадниците на САЕ ТИГАР ги реализираат според годишниот план за крводарителство на МВР. Покрај тоа што придонесуваат за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, посебно радува фактот што меѓу крводарителите се зголемува бројот на нови полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи.
Во денешната крводарителска акција ќе бидат дарувани повеќе од 50 крвни единици.