Неколку илјадни Албанци се собраа во Лондон и го блокираа мостот Вестминстер во знак на протест против оценките на секретарката Суела Брејверман дека земјата е под инвазија на илегални албански мигранти кои доаѓаат со чамчиња преку каналот.
Во 2018-та имало 300 мигранти од таму, годинава преку 30.000. Брејверман ги отфрли „лажните обвинувања“ на илегалците дека се модерни робови, „а плаќаат илјадници фунти за да дојдат во Англија“. „Овие луѓе немаат никаков обѕир кон оваа земја или кон жртвите што ги поднела во минатото. Ова што се случува денес во Лондон е срамно!“ кажа Најџел Фараџ за протестот на Албанци во централен Лондон во кој со знаме со двоглавиот орел заврши споменик на Винстон Черчил.
Од шверцот на Албанци некој заработува и под милион фунти неделно, пишавме во статијата „Албанска евакуација од Данкирк“.