Стручната јавност, архитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Данела Арсовска и потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е по сите стандарди и е целосно безбеден. Со ова паднаа во вода сите оправдувањата на Арсовска за стопирање на овој важен проект за скопјани, за културата во главниот град, но и за целата држава., истакна Гордан Шутаров, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Се расчисти маглата со која Арсовска се обидуваше да ја покрие сопствената незаинтересираност да го продолжи и да го заврши овој проект.
Нема веќе простор за оправдувањата околу неработата и прекинувањето на овој проект.
Арсовска треба да им се извини на граѓаните и веднаш, без одлагање да продолжи со реализација на реконстрикцијата на Универзална сала.
Универзална сала е симболот и душата на Скопје, и не треба да биде предмет на политиканство и реваншизам, бидејќи граѓаните знаат и ценат кој работи во нивен интерес.
За овој проект Владата предводена од СДСМ одвои 2 милиони евра, и проектот е започнат со реализија.
Неколку месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешен градоначалник на Градот Скопје
Скопје и неговите граѓани не заслужуваат ваква незаинтересираност и однос од страна на новата градска администрација.
Уште еднаш апелираме како советничка група во Градот Скопје, да се препознае развојната компонента во сите до сега стопирани проекти од страна на новата градска администрација, истите да се продолжат бидејќи бенефитите ќе ги користат сите граѓани на Градот Скопје.