(ВИДЕО) Средношколка од Србија во „смарт“ сокрила 9 килограми дрога, па со малолетник тргнала за Белград

0
257

Припадници на МВР по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради постоење основи на сомнение ја уапсиле Ј.М. (19) и 17-годишно момче за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги .

 

Во Кумодраж полицијата го запрела автомобилот модел „смарт“ во кој се наоѓале осомничените и по прегледот на возилото пронашла и запленила околу 8,5 килограми марихуана.

На осомничената Ј.М., и е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.

17-годишникот е спроведен во Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград.

 

извор: МУП Србија