DW: Кој планирал атентат врз Бујар Османи и Вадим Красноселски?!

Со автомобил-бомба на 14-ти февруари бил планиран атентат врз министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој како претставник на Северна Македонија – земја претседавач со ОБСЕ, тогаш беше во посета на Молдавија, објави молдавскиот портал „Реалитатеа“. Чинот наводно требало да биде извршен за време на посетата на Османи на Транснистрија (Приднестровје) област сепарирана од Молдавија, која три децении не е под контрола на молдавските власти и функционира како самопрогласена држава, меѓународно непризнена. Во Транснистрија живеат Руси, Украинци и Молдавци, владеат сили лојални на Москва, а во областа се стационирани околу 2.000 руски војници, објави DW.

Сепаратистичките авторитети од Тираспол, административниот центар на Транснистрија, за планот за атентат го обвинуваат Киев. Тврдат дека автомобилoт во кој бил поставен експлозив, требало да биде паркиран во близина на тврдината Тигина (Бендер), каде поминувала колона возила со повеќе од 20 лица, меѓу кои претставниците на ОБСЕ и лидерите од Тираспол. Откако намерата била спречена, наводно имало резервен план делегацијата на ОБСЕ да биде крената во воздух на пат кон молдавскиот главен град Кишињев, но извршителот се откажал од идејата.

Истражните органи во Тираспол презентирале и видео снимка од моментот кога агентот наводно ја следел делегацијата на ОБСЕ предводена од Османи, на патот кон тврдината Тигина. Но, снимката не покажува ништо особено, освен внатрешност на тролејбус, кој чека на крстосница додека да помине колоната возила со делегацијата на ОБСЕ, а потоа продолжува по својот пат. Наводно, откако полицајците ја пронашле таа снимка во телефонот на осомничениот, тој почнал да зборува за планираниот напад.

Со автомобил-бомба на 14-ти февруари бил планиран атентат врз министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој како претставник на Северна Македонија – земја претседавач со ОБСЕ, тогаш беше во посета на Молдавија, објави молдавскиот портал „Реалитатеа“. Чинот наводно требало да биде извршен за време на посетата на Османи на Транснистрија (Приднестровје) област сепарирана од Молдавија, која три децении не е под контрола на молдавските власти и функционира како самопрогласена држава, меѓународно непризнена. Во Транснистрија живеат Руси, Украинци и Молдавци, владеат сили лојални на Москва, а во областа се стационирани околу 2.000 руски војници.

Сепаратистичките авторитети од Тираспол, административниот центар на Транснистрија, за планот за атентат го обвинуваат Киев. Тврдат дека автомобилoт во кој бил поставен експлозив, требало да биде паркиран во близина на тврдината Тигина (Бендер), каде поминувала колона возила со повеќе од 20 лица, меѓу кои претставниците на ОБСЕ и лидерите од Тираспол. Откако намерата била спречена, наводно имало резервен план делегацијата на ОБСЕ да биде крената во воздух на пат кон молдавскиот главен град Кишињев, но извршителот се откажал од идејата.

Истражните органи во Тираспол презентирале и видео снимка од моментот кога агентот наводно ја следел делегацијата на ОБСЕ предводена од Османи, на патот кон тврдината Тигина. Но, снимката не покажува ништо особено, освен внатрешност на тролејбус, кој чека на крстосница додека да помине колоната возила со делегацијата на ОБСЕ, а потоа продолжува по својот пат. Наводно, откако полицајците ја пронашле таа снимка во телефонот на осомничениот, тој почнал да зборува за планираниот напад.

 

Текстот во целост на: DW.