Кандидатот за Конгресмен од Њујорк Мајк Иткис рече дека го објавил видеото за да ја покаже својата „посветеност на прашањето“.
Независен кандидат за конгресот на САД од Њујорк, кој се кандидираше да го собори пратеникот Џеролд Надлер, сними порно видео за да ја покаже својата кампања како „секс позитивна“.
Мајк Иткис, независен кандидат кој се нарекува „либерален независен кандидат“, го постави видеото со наслов „Bucket List Bonanza“ на Porn Hub со порно глумицата Никол Сејџ.
Иткис рече дека едноставното зборувањето за сексот нема да им покаже на другите дека е посветен на ова прашање.
„Ако само би зборувал за тоа, тоа нема да ја покаже мојата посветеност на проблемот. А фактот што всушност го направив тоа беше огромно искуство за учење и всушност влијаеше на ставките на мојата платформа“, рече Иткис, пренесе Фокс Њуз.
На почетокто од видеото порно глумицата се претставува која е, потоа кажува дека ќе има секс без кондом и дека никој не ја терал да консумира дрога или алкохол.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ СО КЛИК Т У К А