More

    Констатирани неправилности во работењето на три отпади за половни возила во скопско, следуваат соодветни пријави

    Денеска (16.02.2023) во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од с.Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од с.Визбегово. При контролата било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло. За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    извор: МВР

    Фото: skopjeinfo.mk

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img