Петкова: Владиното мнозинство е тенко и Собранието е нефунцкионално, затоа постојано се прават реконструкции за лични интереси, а бенефит од тоа граѓаните не можат да видат

Ковачевски не е легитимен бидејќи легитимитетот се добива на избори, а тој не беше избран на избори, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

„Како што гледаме сите на почетокот од 2023-та година сме и Владата која требаше да функционира до 2024-та година едвај издржа една година. Вистината е дека владиното мнозинство е тенко и Собранието не функционира па еве по втор пат расправаме за Влада без избран легитимитет. Постојано се прават реконструкции за лични интереси а бенефит од тоа граѓаните не можат да видат“, рече Петкова.

Таа посочи дека пред една година исто имаше реконструкција на Влада, па тогаш беше формирана заради остварувањето на стратешки интереси на државата и политики во интерес на граѓаните, меѓутоа нема ни „С“ од стратешки цели а нема ниту задоволни граѓани.

„Последните истражувања од анкетата на „Евротинк“ го покажуваат незадоволството на граѓаните и губењето на довербата во системот. 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оцени со единица и двојка. 69% од граѓаните воопшто не и веруваат на оваа Влада а 90% од младите не сакаат да живеат во оваа држава“, рече Петкова.

Петкова потенцираше дека причината за овие податоци се неспособноста и криминалноста на оваа Влада.

„Причината за овие податоци е дека прво оваа неспособна и криминална власт го урна најпрво правниот поредок. Второ ја зароби правната држава. Трето го поларизираше општеството во целина. Никој повеќе не верува во подобра иднина со оваа власт па макар и уште еднаш реконструирана. Неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ овие 6 години на владеење доведоа до комплетно уништување во довербата на граѓаните во системот и го зголемија сомнежот за влез во ЕУ“, децидна е Петкова.

извор: ВМРО ДПМНЕ