Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди индонезискиот остров Јава

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска (22 март) брегот на индонезискиот остров Јава.

Епицентарот на земјотресот бил на 167 километри северозападно од градот Сурабаја, каде живеат околу 2,37 милиони луѓе, на длабочина од 10 километри, соопшти Индонезиската агенција за геофизика.

Земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами, нагласува агенцијата.