Во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат- Анима Мунди со остра реакција

0
78

Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, инвеститорот со помош на пожарникари , со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега.

Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово.

Граѓани кои вртеле и пријавувале во полиција, на бројот 112, се потсмевани и им е спуштена слушалка.

Дали во Македонија владее колективно лудило и безредие, и ова ќе биде само еден во низата фрапантни случаи на насилство кои ќе помине неказнето, или конечно некој ќе се одважи и постапи, изврши истрага и додели казна затвор за екстремна свирепост и мачење и убиство на животно?!

Бараме МВР итно да ги лоцира и приведе сите инволвирани во убиството на ова куче, изрече затворска казна и внатрешна контрола – итно да се лоцираат полициските и други службеници на линијата 112 кои ова злодело го изигнорирале и одбиле да постапат. Работи ли и за кого работат службите на оваа држава , прашуваме!

До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен опушок, а насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет?Полиција за животни под итно и затворски казни за мачење и убивање на животните.

За оние на кои животните не им важни потребно е да знаат дека насилството врз животните е само вовед , преодна фаза и секако кулминира во насилство врз секоја друга индивидуа, вклучително и човек!, се наведува во реакцијата на Анима Мунди.