Од денес до четврток следува променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а не се исклучува можноста за ретка појава на град.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во четврток од југозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).
За време на овој влажен бран од запад, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд на метар квадратен).
Во Скопје и околината исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.
Уште поголем пораст на температурите кај нас очекуваме за време на викендот, кога тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во делови од регионот тие ќе се искачат до 30 степени, стои во најновата информација од метеопрогнозерот Славчо Попоски.