Teшка сообраќајка се случи попладнево на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп, кај егејските згради. Неофицијално, возач на “Бе-Ем-Ве” изгубил контрола и удрил во три други возила, а турнал и еден електричен столб, пишува Маркукуле.
Според информациите од очевидци, има и повредени, а полицијата во моментов работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.
На местото на незгодата има голем број насобрани граѓани, кои се вознемирени и велат дека секојдневно бесно се вози по оваа сообраќајница, па ваквите незгоди воопшто не се изненадување.
Извор: Маркукуле