Локални избори во Турција: Гласаа највисокиот маж и највисоката жена на светот

0
42

Во Република Туркије денеска се одржуваат локални избори, а граѓанската должност ја исполнија и највисокиот маж на светот Султан Косен и највисоката жена на светот Румејса Гелги, јавува Анадолу.

На избирачкото место во неговиот роден Мардин, 2,52 метри високиот Султан Косен, кој е познат како највисокиот човек на светот, гласаше утринава.

Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок човек на светот во 2009 година, а познат е и како човек со најдолга шака (27,5 сантиметри) и најдолго стапало (36,5 сантиметри).

извор: Анадолу.
фото: Анадолу.