Илиевски објави фото од фалсификувани потписи и на Марија Андоновска и Луке Галевски

Во претходниот текст објавивме со кој Богдан Илиевски го разобличува лажниот скандал прозиведен од СДСМ, а згора на тоа се заплеткува во фалсификати.

Илиевски објави документ дека е фалсификуван потписот на Зоран Ставревски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еден доказ за фалсификатот. А ако најдам на нет потписи и од сите други ќе се докаже истото“, напиша на Фејсбук Илиевски, посочувајќи дека потписот на Ставревски е фалсификат.

Во новата објава Иливески посчува дека и потписите на Марија Андоновска и Луке Галевски се фалсификувани.

„Да ја затвориме темата со фалсификаторите кои обвинуваа за фалсификати. Гем сет меч есолз“, напиша Богдановски, илустрирајќи го тоа факсимили.

Да потсетиме, СДСМ објави утринава наводен скандал со многу чуден датум 05 декември 2024 година. Наводно според нивното соопштение до јавноста, ВМРО ДПМНЕ утврдило оперативен план за претстојните парламентарни и претседателски избори на 05.12.2024 година!?

Исто така, освен фалсификуваниот датум, од ВМРО ДПМНЕ информираат дека лице со име и презиме Ивица Грамбозов воопшто не постои кај нив во партија, а и дека презимето на директорот на Центарот за комуникации е утнато. Дополнуваат и дека „потписите на документот, воопшто не кореспондираат со ниту еден од постоечките во партијата“.

Дали ова е фалсификуван документ со кој СДСМ, веројатно поради лошите рејтинзи кои ги ужива моментно, се обидува да си измисли скандал?

Инаку во однос на „СКАНДАЛОТ“ кој го објавува СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ реагираше преку соопштение. Од најголемата опозициска партија ги демантираа овие информации и најавија тужба за клевета.

-Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста – се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа СДСМ да се извини, во спротивно ќе следи тужба за клевета.

Што се однесува, пак, до рејтинзите СДСМ заостанува повеќе од двојно зад ВМРО ДПМНЕ на сите досега објавени анкети, не само на тие објавени на Македонската телевизија. Исто е и со претседателските кандидати. Гордана Силјановска Давкова има двојно поголем рејтинг од Стево Пендаровски, на сите досега објавени анкети.