Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.
Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.
Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.
Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.
Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.