51.000 гласачи одбиле да земат ливче за претседателски

Околу 51 илјада на гласачи денеска на двојните избори одбиле да гласаат за претседателските избори.

Поточно, според резултатите на ДИК за излезноста до 13 часот на парламентарните избори и на пребројани 97,81% од избирачите, гласале вкупно 457 562 лица, додека ма пребројани 98,4% од избирачите на вториот круг од претседателските избори гласале 406 735 гласачи.

Ова се досегашните податоци за излезност во општините со мнозинство на албанско население, а според кои се гледа разликата на гласачи кои гласале на претседатлските VS парламентарните избори:

Гостивар 9.766 со 14.060

Тетово 12.781 со 20.796

Струга 7.258 со 10.884

Kичево со 3.327

Чaир 7.409 со 5.452

Арачиново 738 со 1.689

Сарај 2.723 со 7.183

Липково 853 со 4.443

Студеничани 1.637 со 2.530

Чашка 1.176 со 1.443

Боговиње 1.477 со 4.363

Желино 1.705 со 3.822

Пласница 469 со 730

Како што веќе е познато, граѓаните со право на глас денеска имаат избор да гласаат и на двата избори или да одберат да гласаат само за претседател и само за Собрание. Oфицијални повици за бојкот на изборите немаше од ниедна политичка партија, но постојано се зборуваше дека доколку не се оствари цензусот за излезност во вториот круг на претседателските избори, односно нема излезност од 40% од запишаните гласачи – се оди на нови избори и се создава вештачка политичка криза, за на крај да се остварат барањата на дел од албанските политичари претседател на Републиката да се бира во Собрание.

Дека неговата партија само зборува за демократија, денеска потврди и вицепремиерот Артан Груби кој јавно одби да земе ливче за претседателски и да гласа, макар и да го пречкрта.

извор:Република