Каракамишева: Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава на Претседателката, таму јасно пишува Република Македонија

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија. Огромен број граѓани презадоволни и среќни.

„Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа, а тој гласи, напиша на својот ФБ профил Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, професорка по уставно право и политички систем.

Минатата Влада го промена уставното име на според договорот од Преспа. Учениците беа првите кои добија документи со новото име Република Северна Македонија уште во 2019 година, иако рокот за оваа обврска се уште не истечен. Ова се случи веднаш по стапувањето во сила на Преспанскиот договор со кој државата го смени дотогашното име Република Македонија кое се користеше за внатрешна употреба и привремената референца за надворешна употреба Поранешна Југословенска Република Македонија.

По нив, беа заменети таблите покрај спомениците и се отстрануваше симболот од Кутлеш од јавниот простор – се брусеа дури и учичните шахти. Се менуваа имињата на таблите на институциите на централно и локално ниво, но и на улици и автопати, па автопатот „Александар Македонски“ се преименува во „Пријателство“.

Иако Владата сама си зададе кратки рокови како на пример, 4 месеци по стапувањето на Преспанскиот договор во сила да започне со издавање на нови регистарски таблички со ознака „НМК“ и да започне со издавање на пасоши со новото име кон крајот на 2019 година.

Пет години подоцна, овие рокови се пробиени и зададените обврски не се до крај исполнети. Промената на името на државата во личните документи на македонските државјани и на сообраќајните патокази во двете земји, не беа единствените работи на кои со Преспанскиот договор се обврзаа македонско – грчките комисии и институции да ги спроведат.

Трите меморандуми за соработка пет години чекаат „амин“ од грчкото Собрание.

Во фиока во грчкиот парламент веќе пет години се чуваат три меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

Додека минатата Влада брзаше се да промени, еве заборавиле да го променат изборниот законик. како што потенцираше Каракамишева на својот ФБ профил таму сеуште јасно си пишува Функцијата Претседател на Република Македонија ќе ја извршувам ….

Ова очигледно не го знае ни Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

-Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или  функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.

извор: ФБ Тања Каракамишева