Директорот на Државниот aрхив на Република Македонија, м-р Христа Најданов, заменик-директорот д-р Музафер Бислими и државниот советник за средување и обработка на архивски материјал, доц. д-р Аднан Шериф, присуствуваа на настан по повод 75-годишнината од формирањето на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија во Тирана.
На маргините на официјалниот настан се одржа средба на директорот, м-р Христа Најданов, со директорот на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, г. Ардит Бидо, при што беше разговарано за продолжување и зајакнување на понатамошната соработка меѓу двата архива. Во текот на разговорот двајцата разменија мислења за унапредување на архивската дејност. На средбата, г.Ардит Бидо упати покана до м-р Христа Најданов за учество на Меѓународната конференција на архивите која ќе се одржи на 8 и 9 јуни во градот Елбасан.
vesnik-ilinden.com