Министерството за внатрешни работи соопшти први детали по синоќешната тешка сообраќајна несреќа. На друштвените мрежи се коментира дека ова е вистинско чудо како возачот останал жив, бидејќи автомобилот е целосно уништен.
Од СВР Скопје информираат дека вчера околу 21 часот и 30 минути било пријавено дека на булевар Србија 20 годишникот со иницијали Х.Б управувајќи го БМВ-то со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб за улично осветлување.