Неодамна изградената десеткатница на запад од јапонската престолнина ќе биде урната откако жителите се пожалија дека им го блокирала погледот кон планината Фуџи, пренесува Анадолу.
Компанијата Секисуи со седиште во Осака ја информираше локалната власт за својата одлука да го откаже проектот и да ја урне зградата во Кунитачи, која се наоѓа во западниот дел на префектурата Токио.
Новинската агенција Кјодо јавува дека компанијата Секисуи признала дека на адекватен начин не ги зела предвид локалните вредности и интереси и покрај намалувањето на висината на зградата и одржувањето состаноци со жителите.
Извор: Анадолу.
фото: Анадолу.