(ФОТО) Поставен светиот крст над црквата Св.Јован Крстител во кичевското с.Белица

0
64

Денес и официјално беше поставен Светиот крст на селската црква Свети Јован Крстител која е во фаза на изградба во кичевското село Белица.

Како што наведуваат беличани проектот за крстот е на г-дин Цветан Соколески, додека изработката е дело на Игор Ѓорески од нашите долгогодишни партнери Радио Акорд и г-дин Марјан Кацески кој навистина се потрудија да овај крст биде изработен по сите стандарди.

Понатаму во интегралниот текст беличани упатија голема благодарност од Иницијативниот Одбор до сите помагатели, инаку посебна благодарност истакнаа до Автолакер Тони Стојкоски кој професионално го бојадиса и постави светиот крст со Аце Ванчоски.

 

porta.mk