117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се шест санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.