Наместо да коментираат работи кои имаа 7 години да ги анализираат, СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место, велат од ВМРО ДПМНЕ

Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:

1. Бараа провизија на вакцини;

2. Крадеа на цитостатици;

3. Испумпуваа милиони од РЕК;

4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;

5. 7 години не направија километар пат;

6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.

Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче.

Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ