Утре (понеделник) во Македонија денот ќе биде екстремно топол со температури кој насекаде низ државава ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе се искачат и до околу 40 степени.
Во Скопје максималната температура утре ќе се искачи до околу 40 степени.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 9, па токму поради ова и понатаму апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.