Да бидеме хумани и да помогнеме на малиот Алексеј

Алексеј е детенце кое има само 4 години. Четири години во кои од самиот прв ден,секојдневно се бори и живее живот каков ниту едно детенце не би требало да живее. 😢Наместо да ја гушне мама,Алексеј мораше прво да го гушне инкубаторот,во кој го помина првиот месец од неговиот живот. 🥺За жал,на нашиот мал Алексеј дијагностицирана му е хипоксична енцефалопатија,што значи оштетување на мозочето поради недостаток на кислород. Покрај тоа Алексеј има и аутизам.
Надежта дека состојбата на нашето дете ќе се подобри и еден ден тој ќе може самостојно да се носи со предизвиците коишто животот ќе му ги донесе,ја најдовме во турската болница Лив Хоспитал,каде веќе го започнавме лекувањето и фала му на Господ,ние секој ден сме сведоци во подобрувањето на состојбата на нашето дете.Алексеј како да почна да се “буди”,да биде се поприсутен и што е најважно за нас,почна да го разбира говорот а со самото тоа и да извршува некои едноставни налози.
Алексеј не зборува. Докторите велат говорот доаѓа на крај па очекувањата дека еден ден тој ќе прозбори се големи. За таа цел,потребно е Алексеј да прими уште 6 дози на матични клетки,односно потребно е да се направат уште 3 трансплантации.Една трансплантација чини 19 000 евра. Вкупната сума која што ни е потребна за да го продолжиме лекувањето на нашето дете изнесува 57 000 евра.🤯
Во оваа прилика сакам да искажам бескрајна благодарност до сите хумани луѓе кои досега не поддржаа и несебично ни подадоа рака во овие навистина тешки денови за нас,борба за подобро утре на нашето дете. Ве молам,сеуште сте му потребни на нашиот мал Алексеј. Нека Господ Ве благослови и Ви дарува здравје и убавини. Од се срце Ви благодарам❤️
Донација