Министерството за здравство (МЗ) отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.
Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001, се вели во соопштнието на МЗ.
Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден – секоја среда од 13:30 до 16 часот.