Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска стана мајка за прв пат.
Пред неколку дена, на свет, го донесе својот син Стефан. На социјалните мрежи сподели емотивна објава, но и фотографии од времето поминато во болница, како и пречекот на малиот Стефан дома.
„Нашата радост, нашиот нов член пристигна Стефан Станков. Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж. Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе и се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега сме тројца“, напиша таа.
skopjeinfo.mk