Шефкет Демировски
од фирмата „АТС груп“ за прозиводство на муниција пред неколку години добил дипломатски пасош, пишува „МКД.мк“.
Ова лице стана повторно актуелно откако вчера во Србија беа тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради сомневање дека сториле кривично дело шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија.
Тројцата српски инженери вчера биле приведени затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.
Демировски во Македонија е познат како сопственик на „АТС груп“, компанија која произведува муниција и воена опрема.
Бизнисменот подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката и еден пензиониран инженер. „Вечерње новости“ тогаш објави дека Демировски, кој прибирал документација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм.
Демировски е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше главен гостин на отворањето на фабриката во скопско Визбегово.