Започна изградбата на влезот на Битола – следната година општината ќе добие над 14 милиони евра за проекти

0
68

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на влезот во Општина Битола.

Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри.
Проектот вклучува реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Општина Битола.
Следната година општината ќе добие над 14 милиони евра за проекти. Македонија и Битола се сакаат со дела!, порача Мицкоски.