Малолетник загина откако паднал од покрив на автомобил кој го возел негов врсник

Момче на возраст од 17 години загина откако падна од покрив на автомобил во движење, пренесува неофцијално Н1. Возилото го управувал негов врсник, а двајцата се возеле и дивееле со „пежо“.

Загинатото момче било сопатник во автомобилот, а несреќата во општина Бараево, Србија се случила кога се качил на покривот од аввтомобил и кога возачот закочил тој паднал на коловозот и починал.

Возачот е изведен пред надлежните органи.