Спречен терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена, еден од уапсените со потекло од Македонија

Двајца осомничени за тероризам се уапсени вчера во Австрија, при што едниот е осомничен за планирање напад на настани во Виена, вклучувајќи ги и претстојните концерти на Тејлор Свифт, изјавија властите, објави skopjeinfo.mk

Главниот осомничен, деветнаесетгодишен маж, е уапсен во Терница и е Австриец со македонско потекло, според австриската полиција, додека второто лице е уапсено во Виена. Деталите за помладиот осомничен сè уште не се откриени. Сепак, властите потврдија дека се вршеле подготовки за терористички напад, со цел настани во Виена. Истрагата за пронаоѓање на останатите осомничени продолжува.

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад и дека 19-годишниот осомничен „се фокусирал на концертите на Тејлор Свифт во Виена“, пренесе АПА. Раф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет. Во неговиот стан била пронајдена сомнителна материја за која постои сомневање дека е експлозив и била дадена на тестирање.

Тејлор Свифт закажа концерти на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена во четврток, петок и сабота како дел од турнејата Ерас, но поради заканите концертите се откажани.

извор: skopjeinfo.mk