(ВИДЕО) Драматични снимки од гасенењето на пожарите во Македонија

По десетдневната борба со пожарите унгарските пожарникари си заминаа од Македонија. Тие главно го гаснеа пожарот кој беснееше во селото Брезница. Тимот го сочинувале 46 лица со 13 возила меѓу кои специјални теренски противпожарни возила.

Пред нивното заминување, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, оствари средба на која обострано беше искажана благодарност за добрата соработката, која останува нешто што ќе се надградува во име на пријателството на двете земји и заедничкото помагање и справување со кризните ситуации, особено со пожарите од поголеми размери, како што се оваа сезона во нашата држава.

Пожарникарте објавија видео од гаснењето на големиот пожар во Македонија.

 

skopjeinfo.mk