Момчето Б.Т. (15) загина утрово во страшна несреќа околу 1 часот по полноќ, на улицата „Пионирска“ во Бечеј.
Полицијата во Нови Сад набрзо потврди дека се случил овој настан. Како што објавија тамошните медиуми, две момчиња се нашле во близина на автомобил „голф“ кој бил оставен со клучот во бравата.
Во еден момент решиле да го украдат возилото и да го искористат за снимање видео содржини за социјалните мрежи.
-Тогаш за жал дошло до несреќа во која тинејџерот Б.Т. починал, а другото момче кое немало ни 14 години побегнало од местото на настанот, но набрзо било пронајдено, објави тогаш порталот webinfo.rs.
За целиот случај известени се надлежното обвинителство и Центарот за социјална работа, кои согласно законот ќе преземат понатамошни мерки.
Полицијата ќе продолжи да ги истражува сите околности на овој настан.