Апел за помош на малата Аника!

0
81

Здраво добри луѓе! Ова е нашата ќерка Аника Јовевска. Она има 3 и пол години, има епилепсија, аутизам и е невербална. 😢
Уште од нејзиното раѓање знаевме дека има проблеми, бидејќи се роди пред време, беше на кислородна поддршка, имаше рефлукс и хипотонија. Како што растеше се дијагностицираа епилептични напади, на крај и аутизам. Од мало бебе оди на физиотерапевт, логопед и дефектолог, покриена е од сите страни цело време со работа за да напредува. Најмногу работиме дома, заедно со нејзините брат и сестра.🥺
🥺
Докторите од Турција ни предложија да пробаме со трансплантација на матични клетки. Откако прими две трансплантации на матични клетки, почна голем напредок кај неа! Нема зачестени епилептични напади и се обидува да кажува зборови, слогови. Докторите веруваат дека откако ќе ги прими сите шест дози кои се предвидени за нејзината состојба, дека има шанса многу работи да се доведат во ред и да го достигне нејзините врсници. Дури и да прозборува!
🙏🏻
😢
Сето ова нема да е возможно, ако не е добриот и хуман народ кој се сплотува секогаш за сите луѓе во потреба, и помага за сите да си го најдат својот пат. Во име на Аника бидејќи ние сме нејзиниот глас, Ве молиме да донирате доколку сте во можност, и да го споделите овој апел за да стигне до што повеќе луѓе и Аника да добие вистинска шанса. Ви благодариме на сите, семејство Јовевски.🙌🏻
❤️
🌐
Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
✅
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.