Веднаш по одлуката на Владата во која се ограничуваат маржите на училишните прибори некои од книжарниците ставија клуч на врата. Во исто време и дел од маркетите кои продаваат школски прибори ги тргнаа производите од рафтовите. Некои книжарници се толку досетливи што за време на школската година напишале дека се прави попис на инвентарот.
„Не сакам да ја споменам населбата бидејќи имаме само две книжарници и сите ќе знаат дека зборувам за нив. Значи денес се упатив да купам прибор за син ми за на училиште, ниту една не работеше. На двете стоеше дека наводно прават попис. Малку е симптоматично бидејќи тие две книжари имаат дуопол во нашата населба и на повеќето од нас ни стана јасно дека најверојатно станува збор за намерно затворање, за да не продаваат производи за кои е намалена маржата“ вели скопјанка.
skopjeinfo.mk