Поранешниот потпретседател на Европскиот парламент е уапсен во трговската афера со дипломи во Полска

До неодамна, полскиот европратеник на опозициската партија Право и Правда, поранешниот потпретседател на Европскиот парламент, Ришард Чарнецки, беше уапсен денеска на аеродромот во Варшава во рамките на истрагата за голем корупциски скандал околу трговијата со дипломи од приватниот универзитет за менаџери на колеџот Хуманум во Варшава.

-На аеродромот во Варшава денеска агенти на Централното антикорупциско биро (ЦБА) ги уапсија поранешниот европратеник Ришард Ц. и неговата сопруга Емилија Х. Кривичната постапка е поврзана со Универзитетот Хуманум, соопшти денеска портпаролот на ЦБА, Јацек Добжињски.

Чарнецки и неговата сопруга се транспортираат во Катовице, бидејќи тамошното обвинителство води кривична постапка, а Добжињски не исклучи апсење на други познати функционери во врска со трговијата со дипломи, кои додека конзервативната партија Право и Правда беше на власт до лани, обезбеди високи позиции во државните и јавните претпријатија.

Во февруари, ЦБА го уапси ректорот на тој универзитет и уште шест други лица осомничени дека учествувале во аферата.

Кога изби аферата пред две години, европратеникот врати половина од сумата што со измама ја добил од ЕП, а своите помошници ги обвини за фабрикувани податоци, што сепак беше спорно во текот на истрагата.

извор: Република